Connect with us

Други спортови

Матијас Екстром го престигна Шумахер и победи на Трката на шампионите во Шведска

Матијас Екстром победи на Трката на шампионите во Питео, Шведска. 44-годишниот репрезентативец на домашната екипа го престигна Мик Шумахер и по четврти пат триумфираше во специјалната трка.

Екстром, кој беше реликрос тркач, триумфираше на снегот во Шведска и покрај пожарот и проблемите во неговиот автомобил.

Во саботата, во полуфиналето, Шумахер победи против својот германски сонародник и поранешен светски шампион во Формула 1, Себастијан Фетел,

Годишната трка на шампионите обединува некои од возачите на различните авто трки кои се натпреваруваат за првото место во различни автомобили.

Мик Шумахер ќе биде резервен возач во Мерцедес во 2023 година.

Себастиен Леб и Дидие Ориол имаат по четири победи во Трката на шампионите, која првпат се одржа во 1990 година. Домаќини на натпреварот низ годините се: Барселона, Мадрид, Париз, Лондон, Пекинг, Гран Канарија, Мајами, Бангкок, Ријад и Мексико Сити.