Фудбал
Матиќ доаѓа кај Конте во Интер?
По Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, големи се шансите уште еден фудбалер на Манчестер Јунајтед да се пресели во Милано. Станува збор за српскиот интернационалец Немања Матиќ, кој следното лето станува слободен фудбалер. Сепак, според италијанските медиуми, Интер планира да го ангажира во зимскиот преоден рок и веќе подготвува понуда.
Матиќ е заинтересиран за промена на средината, со оглед на тоа дека оваа сезона не е во прв план кај тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.
Антонио Конте и Немања Матиќ веќе соработуваа порано, во тимот на Челзи.