Фудбал
Мато се договорил со Хартс, Вардар ја прифатил милионската понудата од Канзас Сити, што сега?! (ФОТО)
Откако шкотскиот тим објави дека постигнал преддоговор со фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, во јуни како слободен играч да се пресели кај нив, стигна информација од Вардар дека е прифатена понудата од Канзас Сити од МЛС Лигата за услугите на 22-годишниот фудбалер. Оваа понуда се движи околу 1 милион евра. Вчера Хартс соопшти дека се договориле за тригодишна соработка со Мато, кој по завршувањето на договорот со Вардар ќе се пресели кај нив. Со оглед на тоа дека Мато влегува во последните шест месеци од договорот со македонскиот клуб, има право да преговара со други клубови.

Пред извесно време Хартс испратил понуда на адреса на Вардар во висина од 300.000 евра, која не била прифатена и веднаш потоа АД Вардар, поставил клаузула за Мато во висина од 1,5 милиони евра. Иако немало толкава понуда, сепак имало заинтересирани клубови, а најдобрата била од Канзас Сити од МЛС Лигата која изнесува околу 1 милион евра.
Од Вардар велат дека останува сега Канзас и Мато да ги договорат условите под кои тој ќе настапува таму. За очекување е плата од околу 40.000 долари месечно, плус бонуси. Овој трансфер воедно ќе помогне и на Струмичка Брера која според договорот полага право на 20% од продажбата.
Сега, останува да се види како ќе се развива ситуацијата. Дали Мато ќе прифати да оди во Канзас Сити и Вардар да заработи солидна сума, или ќе остане на ставот за договорот со Хартс.
