Connect with us

Фудбал

Мбапе донираше пари за пронаоѓање на пилотот кој го управуваше авионот на Сала

Ѕвездата на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе донираше 27 илјади фунти како помош во потрагата по пилотот Дејвид Иботсон кој исчезна по падот на неговиот авион во Ламанш во несреќата во кога загина и фудбалерот Емилијано Сала.

Иботсон и Сала патуваа од Нант кон Кардиф кога авионот исчезна од радарските екрани.

По завршување на неуспешната акцијата за пребарување од страна на надлежните служби, семејството на Сала побара приватна истрага за која беа собрани пари од роднини и пријатели, а остатоци од авионот заедно со телото на аргентинскиот фудбалер беа пронајдени на дното на Ламанш.

Исчезнатиот пилот не е пронајден, па неговото семејство, слично како на Сала, почна хуманитарна акција за собирање средства за приватна потрага.

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com