Фудбал
Мбапе е подготвен да оди во Арабија на една година, а потоа да премине во Реал Мадрид
Лудата понуда која стигна од Арабија за напаѓачот Килијан Мбапе го намами Французинот, кој е подготвен да седне на разговори. Екипата на ПСЖ ја прифати понудата од 700 милиони евра (вкупно) која пристигна од Ал-Хилал и гледајќи дека врската со напаѓачот е веќе при крај, се може да се случи.
Мбапе чека последен потег од Реал Мадрид, кој по се изгледа не сака да плати 200 милиони ова лето за напаѓачот кој по една година ќе биде слободен играч. Како резултат на тоа, стратегијата што се подготвува е Французинот да се пресели во Саудиска Арабија на една година, за потоа да се врати во Европа, овојпат со дресот на „лос бланкос“.
Веста денеска ја потврдува шпанскиот дневен весник „АС“, кој додава дека напаѓачот разговарал со семејството за оваа понуда од Ал-Хилал. Арапите на напаѓачот му нудат 200 милиони евра по сезона за две сезони и 300 милиони евра за тимот на ПСЖ за да обезбеди 100% од картонот на Французинот.
Се дознава дека Мбапе изразил подготвеност да преговара, бидејќи не сака да потпише 2-годишен договор, туку само на една година. На овој начин следното лето ќе биде слободен да потпише за Реал Мадрид. Или, ќе потпише на две години со Ал-Хилал, но за вкупно 500 милиони евра (250 милиони по сезона).