Фудбал
Мбапе го сруши рекордот на Лионел Меси во Лигата на шампионите
Напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе постави рекорд во Лигата на шампионите. Тој стана најмладиот фудбалер кој успеал да постигне 15 голови. Мбапе во игра против Бриж влезе од клупата, и за само 22 минути постигна три гола и една асистенција во победата од 5:0.
Мбапе има 20 години, а е една година помлад од учинокот на Лионел Меси, кој со 21 година стигна до 15 голови во ЛШ.
Воедно францускиот интернационалец стана првата „резерва“ кој успеал да постигне хет-трик по Жозеп Љоренте од Виљареал во 2008 година.