Connect with us

Фудбал

Мбапе ќе ја освои “Златната топка”

Аргентинскиот интернационалец од редовите на ПСЖ, Анхел Ди Марија е убеден дека неговиот тимски колега Килијан Мбапе ќе стане најдобриот играч во светот.

Минатата година, Французинот го доби трофејот „Рејмонд Коп“ што се доделува на најдобриот млад играч за 2018 година.

  • Мбапе е феномен. Тој прераснува во извонреден играч. Тоа го покажа и Светското првенство минатата година кога неговата репрезентација го освои трофејот. Ако продолжи во истиот ритам, тој сигурно уште ќе напредува и ќе ја освои „Златната топка“, изјави Ди Марија.