Connect with us

Фудбал

Мбапе случајно со топка удри девојка во нос и ја раскрвари, потоа ја воодушеви – а доби и подарок (ВИДЕО)

ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН со ремито 1:1 на гостувањето кај Стразбур во претпоследното коло од Лига 1 го освои францускиот шампионат. Единствениот гол за парижаните го постигна Лионел Меси на асистенција на Килијан Мбапе, кој се најде во интересна ситуација пред и по натпреварот.

Имено, на загревањето пред мечот, Мбапе случајно со топка во лице удри девојка на трибините. Нејзиниот нос крвари, а Французинот веднаш притрча да провери дали е се во ред. Потоа ја однел на лекар, кој и помогнал да го запре крварењето.

Мбапе не заборави на оваа девојка ниту по натпреварот. Додека неговите соиграчи ја прославуваа титулата, тој и пријде, ја прегрна, кратко разговараше и и го подари дресот.