Connect with us

Фудбал

Мбапе со нова повреда, најмалку еден месец надвор од терените

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел објави дека една од sвездите на тимот, Килијан Мбапе има нова повреда.

Францускиот репрезентативец пропушти околу еден месец поради повреда на грбот и се врати во игра кон крајот на септември.

– Килијан нема да биде дел од тимот некое време. Му треба време за опоравување. Ова е различна повреда и не е повторување на старата, објасни Тухел.