Фудбал
Мбапе верува дека може да ја освои Златната топка
Мбапе постигна 54 гола и го престигна легендарниот сонародник Зист Фонтејн по бројот на постигнати голови во домашни и меѓународни натпреварувања во една сезона.
Напаѓачот на Пари Сен Жермен синоќа постигна гол во победата од 1-0 против Грција во квалификациите за Евро 2024 година.
Како што објави „Јуроспорт“, Мбапе по натпреварот бил прашан дали мисли дека е во игра за „Златната топка“, со оглед на тоа што параметрите за нејзино освојување се променети за да се фокусира на индивидуалниот квалитет на кандидатите.
„ Секогаш е тешко да се зборува за индивидуален трофеј, бидејќи тоа треба да го постигнете сам и тоа е нешто што не мора да „помине“ во очите на пошироката јавност. Нови критериуми, се работи за некој што се истакнал … Мислам дека ги исполнувам овие критериуми, па би рекол дека сум меѓу кандидатите. Но, ќе видиме “, изјави Мбапе за TF1.
Меѓу кандидатите за највредното индивидуално признание во фудбалот, кое ќе биде доделено на 30 октомври, ќе бидат Лионел Меси, Ерлинг Халанд, Кевин Де Брујн и Винисиус Јуниор.
Исто така, по освојувањето на тројната круна со Манчестер Сити и Лигата на нации со шпанската репрезентација, меѓу кандидатите треба да се најде и Родри.
Лани Златната топка ја освои Карим Бензема, а во женска конкуренција Алексија Путељас.
Во квалификациската група Б Франција е прва со сите четири победи, а селекторот Дидие Дешамп ја пофали репрезентацијата која успеа да се опорави од разочарувачкиот пораз во финалето на Светското првенство против Аргентина во декември минатата година.
„ Победуваме, победуваме. шест месеци (на Светското првенство), но покажавме квалитет. Горд сум “, изјави тој.