Connect with us

Ракомет

Ме боли к…., ова е борба за живот!

Ракометна репрезентација на Хрватска, значително ги намали шансите за пласман во полуфиналето на Светското првенство во Дансак и Германија,  откако загубија во првиот натпревар од главната фаза во Келн, и тоа од аутајдерот Бразил со 29:26.

Избраниците на селекторот  Лино Червар, играа извонредно во Минхен, но потфрлија во „Ланксес арена“, дозволувајќи му на противникот да доминира од почеток до крајот на мечот . И нападот „седум на шест“ како опција не беше корисен во играта на „коцкестите“, Бразилците го одиграа својот најдобар меч на шампионатот и заслужено стигнаа до победат.

Токму лошата игра на своите избраници го извади од кондури Червар, кој при еден тајм-аут  ги загуби  нервите …

  • Ме боли к…., ова е борба за живот! Борба за живот“ – викаше Червар на своите ракометари, обидувајќи се да ги мотивира.

Но, на пресконференцијата по завршување на мечот не му преостана ништо ддруго освен да му честита на противникот.

  • Честитки до бразилската селекција за победата, тие денеска беа подобри од нас. Нашиот влез во натпреварот не беше добар, противникот го искористи тоа и брзо стекна значајна предност. Знаевме за нивната длабока одбрана 5-1, но одигравме акции кои не ги трениравме, направивме бројни грешки и тие брзо се одлепија на шест гола разлика. Не најдовме одговор ниту за Лангаро, за кого знаевме дека е клучен бразилски играч во нападот, но не го неутрализиравме. Одбраната е наша силна страна цело првенство, но денеска не беше на потребното ниво, што беше клучно за денешниот пораз. Проблем за нас беше и неиграњето на  Лука Циндриќ, кој поради повреда не можеше да ни помогне – изјави Червар.

Франција сосема очекувано забележа лесна победа против Исланд од 31:22 во четвртото коло од Групата 1 во главната фаза. „Триколорите“ не дозволија во ниту еден момент да биде загрозена нивната фаворитската улога па убедливо стигнаа до триумфот кој беше најавен уште со предноста од четири гола разлика по првото полувреме.

Во Групата 2, Норвешка го победи Египет со 32:28, и остана во игра за полуфиналето на шампионатот.