Кошарка
Ме мразат, но јас сум е*ено добар кошаркар
Крајот на тековната НБА сезона би можела да донесе распад на шампионската екипата на Голден стејт. Кевин Дурант најави дека сака да потпише договор за максимална заработка, која се чини нема да ја добие во тимот од Оукленд. Често пати, кошаркарот на „воините“ имал конфликт со фанови и личности од медиумите во САД, а неговата последна изјава сигурно нема да и се допадне на пошироката кошаркарска јавност.
- Донесов заклучок дека луѓето ме мразат, бидејќи играм во Голден стејт и дека сум е*ено добар кошаркар. Љубоморат поради тоа што сум постигнал во животот. Не е моја вина што по секоја моја изјава, многумина се чувствителни. Што и да кажам нема да биде прифатено, бидејќи не ме сакаат, истакна ѕвездата на „воините“.