Фудбал
Медиумите тврдеа дека спиел со неговата сопруга, а сега го убедува да дојде во Интер?!
Дел од италијанските медиуми објавија дека Ромелу Лукаку и Кристијан Ериксен го убедуваат Јан Вертонген од Тотенхем следната сезона да се пресели во Интер. Неговиот договор му истекува ова лето, па како слободен играч би бил одлично засилување на „Нероаѕурите“.

Тој ќе дојде на местото на Диего Годин, бидејќи се погласни се информациите дека тој по завршувањето на сезоната ќе замине.

Сепак, пред неколку месеци англиските медиуми пишуваа за скандал дека наводно Јан Вертонген спиел со сопругата на Кристијан Ериксен. Се разбира неколку дена подоцна беше демантирано ова од страна на фудбалерот, но постоеја информации дека тие двајцата во Тотенхем не беа баш во добри односи.
Па сега информациите дека токму Ериксен го убедува Вертонген да дојде во Милано, се малку чудни. Но, ќе покаже времето што е вистина а што не.