Connect with us

Други спортови

Меѓународен коњички турнир викендов во Скопје

Меѓународен октомврски коњички турнир, Мини лига и Куп на Република Македонија ќе се одржи викендов на скокалиштето на хиподромот во Маџари, во организација на Федерација за коњички спорт на Република Македонија.

Дводневниот „Меѓународен октомврски коњички турнир“ е според план-календарот на Федерацијата за коњички спорт на Република Македонија, а во заедничка организација на клубовите за коњички спорт „Илинден“ и „Процес“.

На турнирот, како што е најавено, ќе учествуваат екипи од Албанија, Бугарија, Србија и Македонија. На програмата се вкупно шест натпревари во прескокнување на пречки со височина на пречките од 0,95 метри до 1,25 метри.