Connect with us

Фудбал

Мегваер нема намера да го напушти Манчестер Јунајтед

Во 2019 година, Хари Мегваер се приклучи на Манчестер Јунајтед и стана најскапиот дефанзивец во светот. Нормално е дека очекувањата за него се огромни.

И покрај неговиот добар почеток на Олд Трафорд и му беше врачена капитенската лента, формата на централниот бек во последните месеци беше многу лоша. Англискиот репрезентативец направи многу грешки кои директно доведоа до голови во мрежата на „црвените ѓаволи“.

Под водство на Ерик тен Хаг, Мегваер го загуби стартното место и очекувањата се дека може да го напушти тимот на лето.

Сепак, според The ​​Athletic, Мегваер нема намера да замине. Сосема спротивно – тој сака да остане и да се бори за своето место под Ерик тен Хаг.

Главните централни бекови на Манчестер Јунајтед Рафаел Варан и Лисандро Мартинез се повредени. Тие се во аут до крајот на сезоната, па Мегваер несомнено ќе има шанса да се рехабилитира на „Олд Трафорд“. Следниот месец ќе биде клучен за неговата иднина.