Кошарка
Мемфис и Феникс договорија размена за погрешен кошаркар
Во најквалитетното клупско кошаркарско натпреварување – НБА лигата се случи најсмешната ситуација досега кога во прашање е трансфер историјата. Имено, екипите Феникс и Мемфис беа дел од тројна размена во која неколку играчи требаше да бидат трансферирани, а се почна од идејата на „санс“ да го дадат Тревор Ариза. Тој требаше да се пресели во редовите на Вашингтон, додека во спротивна насока да заминат Остин Риверс, Вејн Шелдон и Дилон Брукс, а Кели Обре требаше да премине во Мемфис.

И додека сите помислија дека работата е завршена – договорот пропадна. Излезе дека Феникс и Мемфис мислеле на различен играч. „Санс“ очекувале дека ќе го добијат Дилон Брукс, додека од Мемфис мислеле дека се договриле за Маршон Брукс. Ова се двјаца играчи од иста екипа со идентично презиме.
На крајот разментата се компелтираше, но без вмешаност на Мемфис. Ариза заврши во Вашингтон, додека Феникс ги доби Риверс и Обре.
Што се однесува до новите НБА натпревари, нова импресивна партија имаше Стеф Кари во победата на Голден стејт над Мемфис со 110:93. Со постигнатите 20 поени, тој страна петтиот играч во историјата на „воините“ кој уфрлил 15.000 поени. Пред него на оваа листа на играчи се Вилт Чемберлен, Рик Бери и Крис Малин.
Во одлично издание се прикажа и кошаркарот на Хјустон, Џејмс Харден, кој беше најзаслужен во победата на своите над Јута (102:97), забележувајќи 47 поени.
Резултати: Детроит – Милвоки 104:107, Њујорк – Феникс 110:128, Хјустон – Јута 102:97, Минесота – Сакраменто 132:105, Оклахома – Чикаго 121:96, Сан Антонио – Филаделфија 123:96, Голден стејт – Мемфис 110:93, ЛА Клиперс – Портланд 127:131.