Фудбал
Менхенгладбах славеше против Баерн Минхен
Борусија Менхенгладбах денеска со 2-1 го совлада актуелниот германски шампион, тимот на Баерн Минхен.
Стрелци на головите за Менхенгладбах беа Азар и Гинтер во првиот дел по што на полувремето заминаа со предност од 2-0.
Гостите од Минхен го намалија резултатот во 74 минута со голот на Артуро Видал, но не успеаја да стигнат до изедначување.
И покрај поразот, Баерн Минхен останува на првата позиција во Бундеслигата со 29 поени. На втората позиција е РБ Лајпциг со 26, трети се Шалке со 24, исто колку што има и Менхенгладбах кои се четврти.
Од 13. коло утре се играат натпреварите помеѓу Хамбургер и Хофенхајм, како и Келн и Херта.