Connect with us

Други спортови

Мерцедес го покажа дизајнот на својот болид за 2022 година

Мерцедес го откри дизајнот на својот болид за сезоната 2022 во Ф1. Германскиот тим објави слика на социјалните мрежи, која покажа како може да изгледаат болидите според новите технички правила.
Ф1 воведе револуционерни правила за оваа сезона. Автомобилите ќе имаат радикална промена во изгледот. Главните промени ќе бидат во аеродинамиката, со цел подобрување на претекнувањето и поблиски разлики меѓу пилотите. Ќе се користат и новите гуми на Пирели од 18 инчи, кои ќе ги заменат постојните 13-инчни. Шефот на италијанскиот производител Марио Исола смета дека натпреварите може да го загубат својот стратешки елемент поради проектираното помало абење на новите мешавини.

Викендов за трката во Силверстоун Ф1 официјално покажа како ќе изгледаат болидите за 2022 година. Иако се очекува дека ќе има одредени разлики во дизајните на секој тркачки автомобил.

По тој повод Мерцедес на социјалните мрежи објави слика со наслов „Нова година, нов Мерцедес“. Ова дава индикација за тоа што да очекуваме кога ќе се појави новиот германски автомобил наречен Mercedes W13. И покрај многу темната фотографија, можете да го видите концептот по кој се водел тимот на Бракли.