Други спортови
Мерцедес и Ред Бул доминантни на тренинзите во Мексико
Мерцедес и Ред Бул доминантни на тренинзите во Мексико пред да се одржи трката за Големата награда на Мексико
На првиот тренинг најдобар беше возачот на Мерцедес, Валтери Ботас, а веднаш зад него е неговиот тимски колега Луис Хамилтон. Двоецот на Ред Бул Макс Ферстапен и Даниел Рикиардо беa зад возачите на Мерцедес, а следуваа Себастијан Фетел и Кими Раиконен од Ферари.
На вториот тренинг најбрз беше Рикаирдо кој за една десетинка имаше подобро време од Хамилтон, а трет е Верстапен.
Токму Холанѓанецот имаше најдобро постигнување на тренингот пред вечерашните квалификации и борбата за што е можно подобра стартна позиција. Ферстапен за 7 стотинки имаше подобро време од Хамилтон, а третата позиција му припадна на Фетел.
Вечерва од 20 часот на програмата се квалификациите, а од 21 часот в недела ќе се одржи трката за Големата награда на Мексико.