Фудбал
Меси ги тресе мрежите и на одмор, хет-трик во родниот град
Поранешниот аргентински репрезентативец Макси Родригез се прости од активното играње и тоа беше момент кој требаше соодветно да се одбележи.
Централна фигура на мечот во Росарио беше играчот поради кој се беше организирано, но кога таму го имате и Лео Меси, ретко кој може да привлече најголемо внимание покрај него.
Како и да е, тоа беше убава вечер зад Меси, Макси Родригез и останатите ѕвезди на аргентинскиот фудбал, како и Росарио кои придонесоа за спектаклот на збогувањето на поранешниот репрезентативец од професионалното играње.
Преполн стадион во родниот град на Лео Меси, но и на Макси Родригез, да им се полни срцата, насмевки и мајстории – фантастична атмосфера за фанатиците на оваа игра, како што се Аргентинците.
А Меси – кој е Меси, за него нема лежерен пристап кон играта. Кога топката е во неговите нозе, тој гледа да ја смести во мрежата, без разлика дали тоа беше тренинг, пријателски натпревар или натпревар за бодови.
Во вечер на силни емоции, бидејќи се скандираше и името на Марадона, а и Меси за првпат беше на акција во родниот град по освојувањето на Мундијалот, предводникот на Аргентина постигна хет трик.
Со гол од слободен удар ја разобличи публиката…
You just know Leo Messi was going to score in Maxi Rodriguez's farewell game. 🤩💫🇦🇷
🎥 @SC_ESPN
— Football Tweet ⚽ (@Football__Tweet) June 25, 2023
Го најде патот до мрежата уште два пати пред да ја напушти играта, со овации и како поинаку.
Човекот за кој сите се собраа беше Макси Родригез, патем и тој е родум од Росарио, едното полувреме го одигра во дресот на Аргентина, а другото во боите на саканата Њуелс. На крајот резултатот беше 7:5 во корист на домашната екипа, за која играа и ќерките на Макси.
Да се потсетиме на кариерата на Макси, беше одлична. Во Европа ги бранеше боите на Еспањол, Ливерпул и Атлетико Мадрид, но најзначајниот дел од фудбалската кариера го помина во Њуелс – 12 години (во три мандати).
LIONEL ANDRÉS MESSI, PRESENTE EN LA DESPEDIDA DE MAXI RODRÍGUEZ: INFERNAL RECIBIMIENTO PARA EL HOMBRE QUE CAMBIÓ LA HISTORIA DEL DEPORTE.
📺 #GraciasMaxienStarPlus | #StarPlusLA pic.twitter.com/63RhTI2yML
— SportsCenter (@SC_ESPN) June 24, 2023