Connect with us

Фудбал

Меси го прифати најголемиот договор во историјата, ќе заработи 1,2 милијарди евра

Се чини дека 35-годишниот Аргентинец кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, земјата каде пред половина година замина Кристијано Роналдо.

Меси неодамна отпатува во Саудиска Арабија, но тврди дека не отишол да преговара за деталите од договорот, туку дека извршувал амбасадорска должност. Саудиски Ал Хилал му нуди 600 милиони евра по сезона, дури три пати повеќе отколку што Роналдо заработува во Ал Наср.

Инсајдерот Санти Ауна пишува за Footmercato дека таткото на Меси Хорхе ја прифатил понудата од 1,2 милијарди евра од Саудијците и дека ќе ја добие и најголемата провизија во историјата на фудбалот, пренесува Индекс. „Првиот избор на Меси е секогаш да се врати во Барселона. но каталонскиот клуб

не може да донесе и се сврте кон Саудиска Арабија. Неговиот татко веќе ја прифати понудата на Ал Хилал“, пренесува Ауна.

Ал Хилал наводно се согласил да го доведе Серхио Бускетс од Барселона, а се обидува да го доведе и неговиот соиграч Жорди Алба.

Францускиот новинар Мохамед Бухафси тврди дека Саудијците им ветиле на Меси и Марко Верати од ПСЖ.