Connect with us

Фудбал

Меси како Ернесто Че Гевара

Во далечната 1960-та година направена е фотографија „Guerrillero Heroico“ која подоцна ќе стане симбол на револуцијата и побуната. Оваа фотографија јавноста за прв пат ја виде во 1967-ма година.

Токму оваа фотографија на Ернесто Че Гевара, францускиот “L’Equipe” ја искористи да ја опише ситуацијата во Барселона.

Поточно, весникот на овој начин го прикажа Лионел Меси, кој уште еднаш се спротиставил на раководството на екипата и се обидел да се заштити себе си и соиграчите. Не е тајна дека соблекувалната на Барселона веќе извесно време води „медиумска војна“ против претседателот на клубот Жозеп Мариа Бартомеу кој наводни ги користи блиските медиуми за притисок врз играчите.

Така беше и сега, каталонските медиуми вршеле притисок врз играчите на Барселона да се согласат на намалување на платите поради ширењето на коронавирусот.

Сепак, на крајот Меси и дружината се согласиле, но по нивни услови. Поради тоа насловната страница на “L’Equipe” е претставен Меси како Че Гевара, бидејќи уште еднаш успеа да ја добие „битката“ со раководството.