Фудбал
Меси кажа „ДА“, наскоро преговори за нов договор со Барселона
Се чини дека Лионел Меси ќе остане на „Камп Ноу“ уште долго време и ќе потпише нов договор со шпанскиот шампион. Во интервју за каталонското радио „РАЦ-1“, 32-годишниот Аргентинец изјави дека е подготвен да го обнови договорот со Барселона:
–Мојата идеја е да останам тука засекогаш. Засекогаш било така и останува така. Ништо не се сменило, рече Аргентинецот.
Тој исто така рече дека не знае кога ќе започнат преговорите за неговиот нов договор, но потврди дека нема да има проблем за време на разговорите помеѓу неговиот татко, Хорхе Меси и управата на каталонскиот клуб.
Пред неколку дена, светската фудбалска sвезда Лионел Меси изјавија дека имало момент, кога можел да ја напушти Барселона. Исто така, претседателот на клубот Пеп Марија Бартомеу изјави дека постои клаузула во договорот на Меси според која можел да ги напушти Каталонците пред последната сезона од неговиот договор, но бил сигурен дека лојалноста на Аргентинецот нема да го изневери.
Актуелниот договор на Меси е до 2021 година.