Connect with us

Фудбал

Меси може да каже „Чао“ на Барса, има клаузула која Каталонците не ја спомнуваат

Шпанска „Марка“ објави вест дека Лионел Меси на една година пред истекот на договорот со Барселона може да замине. Таква клаузула постои во последниот договор потпишан во ноември 2017 година.

Тогаш двете страни се согласија да ја продолжат соработката, потпишаа договор до 2021 година, според кој на Меси му е загарантирана заработка од 50 милиони евра годишно, блус разни бонуси и авторски права на „ликот и делото“, поради што Аргентинецот за 26 милиони го зголемил приходот.

Сепак, малкумина знаат, а Каталонците го кријат тоа, дека во договорот има клаузула која вели дека Меси може да замине една сезона пред истекот на договорот во 2021 година.

Тешко е да се поверува дека Аргентинецот ќе ја „уклучи“ клаузулата и ќе замине без обесштетување во клубот во кој дојде пред 19 години.

Од друга страна, апретседателот Бартомеу, подолго време лобира за нов договор со Меси, со кој тој би се обврзал на доживотна лојалност на Барселона, односно да остане да работи во клубот и по завршувањето на кариерата.