Фудбал
Меси не се фали како Роналдо и Ибрахимовиќ: Другите нека зборуваат за мене
Златан Ибрахимовиќ е познат по тоа што постојано се фали себеси, особено на социјалните мрежи, но и кога дава изјави за медиуми. Понекогаш истото знае да го направи и Кристијано Роналдо. Сепак, Лионел Меси е малку поразличен. Тој нема такви „испади“ на социјалните мрежи и не е активен како претходните двајца. Има разлика и кога настапува пред медиумите.
Токму за ова го прашаа и новинарите, но тој имаше интересен одоговор.
–Знам кој сум и што сум направил, но тоа си го чувам за себе. Луѓето можат да зборуваат. Јас не сакам да зборувам за себе, сакам да зборувам за колективот, вели Меси.