Фудбал
Меси одбил доживотен договор со Барселона, а еве зошто…
Според пишувањата на бројни европски медиуми, челниците на Барселона подготвиле нов договор за Лионел Меси, кој со клубот би се врзал до крајот на кариерата, но и после тоа. Меѓутоа, Аргентинецот откри дека такво нешто му било понудено, но дека ја одбил понудата.
Причината е тоа што не сакал да го стави својот потпис на документ кој би го врзал целосно со Барселона, со што ги подгреа желбите на клубовите кои сакаат да го ангажираат. Актуелниот договор на Меси со Барселона му истекува за две години, а првите луѓе на каталонскиот тим се убедени дека тој може да игра на високо ниво уште некоја сезона.
-Вистина е дека Барселона ми понуди доживотен договор, но она што го кажав е дека не сакам договор кој на таков начин ме врзува, изјавил Меси, а пренесуваат неколку европски медиуми.
Тој воедно изјавил дека сака да продолжи да игра и да постигнува голови, да биде дел од Барселона доживотно, но не условен со договор.