Connect with us

Фудбал

МЕСИ СТАНА НАЈТРОФЕНИОТ ФУДБАЛЕР ВО ИСТОРИЈАТА! ПСЖ ја освои титулата, неверојатен успех за Аргентинецот

Фудбалерите на Пари Сен Жермен вечерва ја одбранија шампионската титула, откако на гостински терен одиграа нерешено 1:1 против Стразбур, во натпреварот од претпоследното 37. коло во францускиот шампионат.

Парискиот клуб поведе со голот на Лионел Меси во 59. минута на асистенција на Килијан Мбапе, а конечниот резултат го постави Кевин Гамеиро во 79. минута.

Пари Сен Жермен пред крајот на колото има 85 бода, четири повеќе од второпласираниот Ленс кој како домаќин го победи Ајакс со 3:0.

Тоа е рекордна 11-та титула за Пари Сен Жермен, а Олимпик Марсеј и Сент Етјен имаат по една помалку.

Директен пласман во Лигата на шампионите обезбедија Пари Сен Жермен и Ленс.

Пари Сен Жермен ја освои деветтата титула од 11 откако клубот беше преземен од катарските сопственици пред 12 години. Пред тоа, Пари Сен Жермен беше шампион во 1986 и 1994 година.

Стразбур опстана во лигата заземајќи го 15. место со 40 бодови.

Со 43 трофеи во кариерата, Меси стана најтрофејниот фудбалер заедно со Дани Алвеш.

Тој вечерва го постигна 496. лигашки гол во својата европска кариера и го собори рекордот на Кристијано Роналдо за најмногу постигнати голови во најдобрите пет европски лиги.

Медиумите шпекулираат дека тој ќе го напушти парискиот клуб на крајот на сезоната.