Фудбал
Меси влезе во игра при резултат 6:0, шеикот со гестикулации го испровоцира од трибините (ВИДЕО)
Лионел Меси синоќа во Ријад го доживеа едно од најголемите понижувања во кариерата, бидејќи неговиот Интер Мајами беше поразен со 6:0 од Ал-Наср. Меси го започна натпреварот на клупата за резерви, а на крајот од натпреварот тренерот Херардо Мартино направи непотребен потег и го испрати Лионел на терен наместо Леонардо Кампана. Се играше во 84. минута, резултатот веќе беше 6:0, а Меси беше испровоциран од шеик кој се наоѓаше во свечената ложа на Кингд арената.
Turki Sheikh reaction to Messi substitution 😭
— CristianoXtra (@CristianoXtra_) February 1, 2024
Станува збор за Турки Абдул Мухсен, кој кога беше прикажан одблиску откако Меси влезе во игра, гестикулираше со рацете и го покажуваше бројот 6. Инаку, Шеик Турки работи како советник на Саудискиот кралски двор и е актуелен претседател на Управата за забава на Саудиска Арабија. Потсетуваме, синоќешниот натпревар меѓу Интер Мајами и Ал-Наср требаше да биде „последен танц“ на Меси и Роналдо, но спектаклот пропадна поради повредата на Португалецот, кој не беше ниту во тимот од Саудиска Арабија. , додека Меси натпреварот го започна од клупата за резерви. Стрелци за Ал-Наср беа Талиска (3х), Отавио, Лапорте и Маран.