Connect with us

Ракомет

Металург без Брестовац на мегдан со Чеховски Медведи

Тренерот на Металург Данило Брестовац поради суспензија на еден натпревар од ЕХФ за црвениот картон добиен на средбата со Силкеборг во минатото коло на Лигата на шампионите, нема да го предводи својот тим на денешниот дуел со Чеховски Медведи.

Ракометниот суд при ЕХФ го оцени однесување на Брестовац како неспортско и спротивно на ставот за почитување на сите учесници во натпреварот вкучително и официјалните претставници на ЕХФ во рамките на натпреварот. Поради тоа на Брестовац му е изречена суспензијата.

Сепак, Данило Брестовац е во Чехово и ќе се обиде на било кој начин да му помогне на својот тим, кој официјално на натпреварот ќе го предводи од клупата Оливер Димитриоски, помошникот на Брестовац.

Натпреварот Чеховски Медведи – Металург во рамките на 5.коло Ц-група од Лигата на шампионите се игра попладнево со почеток во 15 часот.