Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Металург броеше до 51 против Работнички

Металург го прегази тимот на Работнички и практично ја наполни мрежата на противникот. Тимот од Автокоманда славеше со убедливи 51:23. Се беше јасно по само неколку минути игра во разликата во квалитетот, но единствено непознато беше со каков резултат, односно разлика ќе заврши натпреварот.

Како поминуваа минутите, така предноста и водството на Металург се зголемуваше, па на крајот беше 51:23. Кондев со 12 беше најефикасен, а Вујовиќ постигна осум. Во тимот на Работнички најпрецизен беше Палевски до десет постигнати голови.

По 14 одиграни кола Металург е лидер на табелата.