Connect with us

Ракомет

Металург ја забележа првата победа во Лигата на шампионите

Ракометарите на Металург ја забележаа првата победа во шестиот меч од Лигата на шампионите. Во салата „Борис Трајковски“ падна рускиот Чеховски Медведи. На крајот заврши со минимална победа на домаќинот од 25-24, но македонскиот вицешампион на полувреме водеше со убедливи 16-10.

Голманот Даниловски имаше 16 одбрани, Димитриоски постигна пет гола, а Токиќ, Серафимов и Шпенде по четири. Веќе во четврток во Скопје доаѓа Спортинг од Лисабон.