Ракомет
Металург конечно победи, во „Борис Трајковски“ падна Татран Прешов
Ракометарите на Металург ја забележаа првата победа сезонава, откао во рамките на Регионалната СЕХА лига на домашен терен го победија словачкиот тим Татран Прешов со 30:28. „Металурзите од првата до последната минута имаа контрола над играта и резултатот на натпреварот и на крајот заслужено се радуваа на првата поведа оваа сезона.
Најдобар стрелец кај Металург на оваа средба беше Анте Токиќ со девет гола, Халил Јагањац даде шест, додека Стефан Додиќ запиша четири погодока, а кај Татран Прешов, Томас Чип заврши со осум гола, додека поранешниот ракометар на Металург, Јануш Лапајне застана на седум.
За Металург сега следи мала пауза поради репрезентативните обврски на ракометарите, а во СЕХА-лигата нареден предизвик ќе биде дуел со романска Стеауа Букурешт, на домашен терен на 7 ноември