Connect with us

Ракомет

Металург нема да има респект за Силкеборг

Македонскиот ракометен вицешампион денеска во 17.30 часот, во СЦ Борис Трајковски ќе го одигра последниот натпревар во групната фаза во Лигата на шампионите, на домашен терен. “Металурзите” во пертпоследното 9. коло од Ц – групата го пречекуваат данскиот Силкеборг, кој најквалитетниот тим во групата и треба да покаже во која насока се движи тимот од Авоткоманда.

  • Ќе играме со најдобрата, најскапата и најискусната екипа во нашата грипа. Ако само ја погледнете пикерската позиција, Нодесбо и Кнудсен нашите играчи можат многу да научатв од нив. Се надевам дека ќе се покажеме во едно добро светло, иако зад нас е тешка недела, повредата на бекот Мартин Велковски, смртен случај на Анте Токиќ и некои ситни повреди. Се обидуваме да работиме добро, секојдневно анализираме, можеме да им парираме, имаме ротација да го направиме тоа. Можам да ветам добар меч, сите што ќе дојдат ќе уживаат,  изјави тренерот на “металурзите” Данило Брестовац.

Со тренерот се согласи и младиот пикер Милан Лазаревски и најави жешка борба на теренот од првата до последната минута.

  • Станува збор за најквалитетна екипа, вреди да се издвои пикерската позиција, која е најсилната страна на Силкеборг. Нема да респектираме никого, секој може да се изненади, ова е спортот. Во Данска беше специфичен натпревар, морам да кажам дека премногу им се допушташе на домашните ракометари. Со максимално сериозен пристапат и добра игра ветувам дека нема да се разочара никој, изјави  Лазаревски.

Металург досега во групната фаза има скор од седум порази и една победа и е на последното место во групата, додека Силкеборг е на лидерската позиција со  шест победи и два пораза

Во последното коло од групната фаза Металург ќе му гостува на Татран Прешов, наптрвар со кој ќе ги заврши настапите во елитното натпреварување