Поврзи се со нас

Ракомет

Металург патува 40 часа до Шпанија, па во автобусот направија плеј стејшн турнир

До Шпанија ќе им требаат 40 часа, или над 4.000 километри, но РК Металург направи нешто со кое ракометарите, патот речиси и нема да го осетат.

„Знаејќи што ги чека, клубот инсталираше во автобусот два телевизора и обезбеди две плеј стејшн конзоли, се со цел да создаде релаксирана атмосфера за време на патот долг 3000 км и 40 часа. Во тек е ПЦ-турнир, кој целосно го окупира вниманието на нашите ракометари. Затоа, сите велат дека минуваат многу подобро од очекуваното“, велат од РК Металург.

Информацијата дека Металург со автобус замина на 3.000 километри долг пат до Леон, не остана незабележана ниту од странските медиуи. Високи функционери од ЕХФ барем покажаа знаци дека се грижат и прашуваа до каде е Металург со своето патување и дали има некакви проблеми.

Металург во Леон треба да стигне утре во текот на вечерните часови. Средбата со Адемар Леон се игра во вторник, со почеток во 20:45 часот.

loading...

Facebook