Connect with us

Ракомет

Металург поразен и од Силкеборг

Македонскиот ракометен вицешампион Металург претрпе уште еден пораз во Лигата на шампионите. Избраниците на тренерот Данило Брестовац во 9. коло од Ц – групата на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“ го претрпеа осмиот пораз од данскиот Силкеборг со 33:29

Во еден момент од мечот тимот од Автокоманда имаше два гола негатива и се надеваше дека може да го изненади фаворизираниот ривал, но, искуството го направи своето. Силкеборг водеше од почеток до крајот, па не му дозволи на составот на Брестовац ниту еднаш да има предност на овој дуел.

Најдобри кај Металург беа Александар Шпенде и Гонсало Рибеиро со по седум гола, додека Миличевиќ даде четири гола, а кај Силкеборг, Ласен запиша седум гола, а Нодезбо беше перфектен со пет гола од пет обида.

Во наредното коло на ЛШ, Металург се соочува со Татран Прешов во Словачка.