Ракомет
Металург поразен од Спортинг во ЛШ
Ракометарите на Металург беа поразени на домашен терен од Спортинг Лисабон со 24:31(18:17) во Лигата на шампионите. За тимот на Данило Брестовац ова беше шести пораз на седмиот меч во елитното натпреварување.
Металурзите одиграа добро прво полувреме, по кое водеа со гол разлика, но во второто играта значително се влоши, откако постигнаа само шест погодоци за 30 минути, а гостите од Португалија знаеја како да го искористат тоа.
Најдобар стрелец кај Металург беше Димитриоски со пет гола, Танкоски даде четири. Мартин Томовски имаше дури 17 одбрани, но тоа не беше ни одблизу доволно да го спаси својот итм од нов пораз.
Валдез и Руезга дадоа по пет гола за Спортинг.
Металург својот следен меч во Лигата на шампионите го игра на 17 ноември, кога оди нагости во Турција кај Бешикташ.