Connect with us

Ракомет

Металург повторно ќе аплицира за место во ЛШ

Македонскиот вицешампион Металург повторно ќе аплицира за дополнително место во ракометната Лига на шампиони за наредната сезона, објави клубот од Автокоманда на својата официјална веб страница.

Во текот на наредната недела, преку канцеларијата на РФМ, Металург ќе побара од Европската ракометна федерација на Македонија повторно да ѝ додели дополнително место во Лигата на шампионите за сезоната 2018/2019, каде Вардар, како првак, има директно место во групната фаза.

– И следната сезона Металург има желба и амбиција да биде дел од најсилното европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите. Се надеваме дека со нашата игра, нашиот квалитет и со создавачкиот концепт ќе ги задоволиме критериумите на ЕХФ и повторно ќе бидеме дел од ракометната елита, смета Зоран Цветановски, претседателот на Металург.