Ракомет
Металург се збогува: Златното дете, во кој никна и го разви својот раскошен талент
Ракометниот клуб „Металург“ се збогуваше со прерано згаснатиот живот на Марко.
Уште една трагедија го потресе Металург и македонската спортска јавност – меѓу нас веќе го нема Марче, Марко Божиновски, кој почина на свои 20 години. Златното дете на Металург, во кој никна и го разви својот раскошен талент. Овде ги мина сите старосни категории, од овде го даде и својот допринос во соодветните селекции на Македонија. Последните две години ги мина во екипата на Бутел Скопје, за кој вчера го одигра својот последен натпревар и ги постигна своите последни голови.
Марко, Металург вечно ќе те памети, твојата младост, твојата ведрина, твојот талент…
Почивај во мир.