Connect with us

Ракомет

Металурзите победија и дадоа рок до среда клубот да ги исполни обврските кон нив

Подмладениот состав на Металург забележа победа над Војводина (30:26) во натпревар од СЕХА лигата, а по натпреварот капитенот Филип Кузмановски во името на сите ракометари даде рок од три дена раководството на клубот да ги подмири кон нив финансиските обврски.

-Ние го направивме тоа што се очекуваше од нас. Покажавме дека ракометот ни е пред се, но вака веќе не оди. Добивме само една плата за овие 4-5 месеци. Навистина сме во тешка ситуација и затоа решивме да побараме одговор дали ќе го добиеме тоа што ни следува или да си бараме решение. Давам рок до среда, а потоа сопственикот нека одлучи што понатаму, рече Кузмановски на прес-конференција по денешниот натпревар.

Останува да се види одговорот од управата на поранешниот македонски шампион, дали ќе бидат изнајдени средства за непречено функционирање на Металург, или ќе се случи непосакуваното, клубот од Автокоманда да згасне.