Connect with us

Фудбал

Метју Божиновски замина на позајмица во Велингтон Феникс

Божиновски се смета за голем потенцијал и му се предвидува добра фудбалска иднина, а Велингтон Феникс има опција да го откупи неговиот договор по завршување на позајмицата.

Младинскиот репрезентативец до 21 година и засилување за дефанзивата од Австралија, Метју Божиновски го напушти Мелбурн Виктори и се пресели во Велингтон Феникс.

Со оваа позајмица Божиновски се сели во поквалитетна екипа од досегашната. Феникс во минатата сезона беше блиску до доигрување во А лигата во Австралија. Божиновски се смета за голем потенцијал и му се предвидува добра фудбалска иднина, ќе видиме дали ќе ги оправда очекувањата. Феникс ќе има право по истекот на позајмицата да го откупи неговиот договор.

Дефанзивецот во септември дебитираше за репрезентацијата на Македонија до 21 година, додека во октомврискиот циклус не беше во конкуренција поради протоколите за ковид-19.