Михајловиќ има леукемија: Ќе ја победам болеста за моите деца, за моето семејство

Најавената прес-конференција на Синиша Михајловиќ започна. Стратегот на Болоња откри дека боледува од леукемија.

„Направивме неколку тестови кои покажаа аномалии кои ги немав пред четири месеци. Ќе ви објаснам убаво, не сакам луѓето да шпекулираат. Ќе ви ја кажав вистината, а потоа ќе добиете информации од моите лекари, секако би сакал да се почитува мојата приватност“, вака ја започна прес-конференцијата Михајловиќ.

-Не се чувствував добро, имав треска. Резултатите од прегледите покажаа дека станува збор за леукемија.

-Ќе мора веднаш да заминам на лечење, знам дека третманите ќе бидат агресивни. Ќе ја победам оваа битка, за моите деца, за сите оние кои ме сакаат.

-Во последните неколку дена добив илјадници пораки за поддршка, се извинувам на сите што не им вратив.Сакав да бидам сам со себе да се средам, да бидам подготвен за битката која ме чека.

-Сакам да и се заблагодарам на Болоња, од претседателот до сите во тимот. Им ја соопштив веста на фудбалерите, тие се многу важни за мене. Ќе ја победам оваа битка, во моментов ми се потребни луѓе кои ме сакаат.

-Последните денови плачев гледајќи ги работите кои ме потикнуваат. Не сакам да имам луѓе околу мене кои ќе плачат и ќе ме сожалуваат, не сакам никој да го прави тоа.