Фудбал
Михајловиќ разочаран, декември ќе биде пеколно тежок
Синиша Михајловиќ се појави во тренинг центарот на Болоња, откако доби отпусна листа од болницата по третата хемотерапија.
Болоња е во лоша форма, се наоѓа само три бода над зоната за испаѓање. Во последните десет меча ја победија само Сампдорија.
-Мора да се вратите на почетокот на сезоната кога бевте гладни, желни за победи и не летавте високи, им порачал Михајловиќ на играчите.
Наредниот викенд Болоња гостува на Наполи, па потоа го пречекува Милан, потоа игра со Аталанта и Лече.
„Декември ќе биде пеколно тежок“, им порачал Михајловиќ на играчите.
Михајовиќ сепак викендов нема да биде на клупата за време на мечот. Реално е да се очекува во 2020 година да седи на клупата и за време на мечевите.