Connect with us

Фудбал

Михајловиќ за детството и војната: Родителите не можеа да ми купат банани, најдобриот другар ми ја сруши родната куќа

Синиша Михајловиќ во интервјуто за „Газета дело спорт“ раскажува за детството во Хрватска, војните, доаѓањето во Италија, односот кон родителите. Во шега вели дека се чуствува дека преживеал за три животи но оти не може да ја прежали смртта на татко му кој починал од рак и дека го преколнувал да дојде кај него во Италија но оти тој не сакал да ја напушти земјата.

Вели дека имал добро детство но оти се сеќава дека неговите не можеле да му дозволат се што сака.

Како дете сакав банани но немавме пари. Мајка ми ќе ми купеше една и морав да ја поделам со брат ми. Еднаш и реков дек а кога ќе се збогатам ќе купам цел камион и сите ќе ги изедам. Денеска одам во ресторани и бирам најдобри јадења, пијам добри вина но ништо не може да го замени вкусот на тие банани-искрен е Синиша.

За војната во Хрватска

За Синиша Вуковар каде што е роден бил најубав град во светот но потоа станал симбол на војната. Во него се вратил за прв пат по 25 години и не можел да го препознае.

Сите војни се ужасни но братоубиствените се најлоши.Мојот најдобар пријател ми ја уништи куќата.Вујко ми, брат на мајка ми велеле дека сакал татко ми да го заколи како свиња. Го нашле тигрите на Аркан и сакале да го убијат. Ми се јавија и им реков да го пуштат, му го спасив животот.

Реклама
Реклама

ГАЛЕРИЈА

Реклама
Реклама

Повеќе од Фудбал

WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com