Ракомет
Михајловски: Самсоненко платил долг од 700.000 евра, Владата и институциите да помогнат за проектот РК Вардар 1961
Првиот човек на РК Вардар 1961 изјави дека тимот сигурно ќе игра во Лигата на шампионите. Парите кои ги бараше ЕХФ во висина од 1 милион евра се уплатени. 700.000 евра уплатил Сергеј Самсоненко за покривање на долгот кон поранешните играчи кои пријавиле во ЕХФ дека клубот им должи пари, а останатите 300.000 се како депозит.
-Во директни контакти се договоривме со челниците на ЕХФ. Се исплатија играчите по 700.000 евра, а остантите 300.000 евра се како депозит кој стои и тие може да се искористат. Мојата функција во тие преговори беше начинот да се смени плаќањето на тие средства, а за останатите средства беше задолжен Сергеј Самсоненко. Со тоа нема условување дали Вардар ќе игра во Лигата на шампионите. Но, тоа ни направи проблем, затоа што ланските спонзори чекаа да се заврши со ЕХФ целиот проблем, па да преговараме. Тоа не успори за договорите за спонзорирање со Вардар, вели Михајловски.
Тој воедно ја повика Владата и државните институции да помогнат во проектот РК Вардар 1961.