Фудбал
Миклован: Струга е покомплетен тим од Скопје, верувам дека ќе се вратиме со три бода
„Скопје е тим кој треба да се почитува. Подготвени сме за овој натпревар и верувам дека добро го проценивме противникот. Се надевам дека ќе извлечеме максимум од овој дуел како и секој дуел во кој одиме на победа. Верувам во нашиот тим и верувам дека ќе се вратиме од Скопје со три бода“.
„Мислам дека сме покомплетна екипа од Скопје во сите аспекти. Ние сме тим кој знае да игра фудбал пред портивничкиот гол. Првиот натпревар сезонава го добивме во последната секунда, но доминиравме во текот на целиот натпревар. Имаме играчи со подобри квалитети од противничкиот тим“, изјави Миклован.