Фудбал
Милан бара нов тренер, контактирана и поранешната „седумка“
Челниците на Милан се незадоволни со учиникот на екипата, но според медиумите дадена е последна шанса на Марко Џампаоло. Неговата иднина зависи од учинокот на гостувањето кај Џенова, натпревар кој се игра претстојниот викенд.
Руди Гарсија, Клаудио Раниери, Лучиано Спалети се желбите, но според „Тутомеркато“ контакт е направен и со поранешната „седумка“ на „росонерите“ Андриј Шевченко.
Сепак, има еден проблем, а тоа е што Шевченко во моментов е селектор на Украина, а со тамошниот фудбалски сојуз има договор до 2020 година.
Инаку, Шевченко играше за Милан од 1999. до 2006 година, запиша 208 настапи и постигна 127 голови. Со Милан ги освои сите натпреварувања, вклучувајќи ја и Лигата на шампионите.