Connect with us

Фудбал

Милан бара нова „деветка“, Жиру промовиран во новиот клуб (ВИДЕО)

– Мојата приказна со Милан завршува, но Милан засекогаш ќе остане во моето срце.

Со тие емотивни зборови Оливие Жиру се прости од навивачите на Росонерите. Тој е нов играч на Лос Анџелес, тим од МЛС лигата, со кој потпиша до зимото 2025-та, со можност да се продолжи соработката.

Тој дојде во Милан во летото 2021 година и постигна 48 гола со 20 асистенции на 130 натпревари. На крајот од оваа сезона на 37-годишниот Французин му истекува договорот, а тој одлучи кариерата да ја продолжи во МЛС лигата. За тоа веќе се шпекулираше, но Жиру сега дефинитивно го потврди тоа.

– Многу сум горд на се што направив во Милан во овие три години, но мислам дека е вистинско време да се збогувам со клубот. Емотивен сум бидејќи се ближат моите последни два натпревари во Милан – изјави Жиру.

Со заминувањето на Жиру, Милан ќе остане без ’деветка’, па логично е дека клубот веќе почнал да бара замена за него. Tutto Mercato Web пренесува дека прв миленик на раководството на италијанскиот клуб е Џошуа Циркзе, холандски напаѓач кој настапува во Болоња.

Тој оваа сезона постигна 11 гола во Серија А, а неговите добри игри заинтригираа многу други гиганти, а Арсенал наводно е во прв план во неговото доведување. Неговата цена е 60 милиони евра. Милан гледа и во други правци кога се напаѓачите во прашање, па во нивните редови би можел да дојде и Бенјамин Шешко. Словенечкиот напаѓач годинава постигна 17 гола за Лајпциг во сите натпреварувања, а неговата излезна клаузула од германскиот клуб е 65 милиони евра. Кога Шешко би заминал во Милано, тоа би било само една година од пристигнувањето од Салцбург. Лајпциг плати 24 милиони евра за да го доведе.

Advertisement