Фудбал
Милан и Рома се соочуваат во клучниот дуел на Сан Сиро
Шампионот на Италија Милан го пречекува еден од најсериозните кандидати за топ 4 во Серија А Рома.
По синоќешната победа на Јувентус над Удинезе, „росонерите“ веќе се на третата позиција со 36 бода – бод зад „Старата дама“. Ова не е единствениот проблем за челниците во Серија А, кои се борат и со многуте повреди кои ги снашле различни играчи во последните недели. Стефано Пиоли не може да смета на половина дузина играчи – Мајк Мениан, Алесандро Флоренци, Фоде Бало-Туре, Раде Круниќ, Анте Ребиќ и Златан Ибрахимовиќ.
Во последното коло „црвено-црните“ ја победија тешката екипа на Салернитана со 2-1, а ситуацијата можеа да ја влошат на крајот од натпреварот кога примија гол. Добрата вест во таборот на Ломбарди е поврзана со очекуваните нови договори на Рафаел Леао и Исмаел Бенасер. Играчот од средниот ред постигна целосно разбирање со раководството, а се очекува тоа да го направи и ѕвездата на тимот во наредните денови.