Фудбал
Милан ќе ја заврши финансиската година во позитива
Претседателот на Милан, Паоло Скарони изјави дека по долги години италијанскиот гигант ќе ја заврши сезоната со финансиски плус.
Во последните години Милан го промени начинот на кој работи, ги избалансираше трошоците за плати и значително ги зголеми приходите.
Росонерите во последните три години го намалија дефицитот од 200 милиони евра на 50 милиони, а сега финансиската година ќе ја завршат со профит.
„Можеме да бидеме презадоволни од спортските резултати, но и од економските резултати, кои исто така почнуваат да ни носат задоволство. Мислам дека ако не се постигнат економски резултати, тешко е да се постигнат спортски“, изјави Скарони.
„Оваа година ќе ја завршиме на црно бидејќи приходите ни се многу зголемени, особено во последната година. Нашите приходи продолжуваат да растат, така што оваа година ќе ја завршиме со добивка. Последен пат Милан заврши со финансиски плус во 2006 година“, изјави Скарони.