Фудбал
Милан нема да игра во еврокуповите

Фудбалскиот клуб Милан, поради кршење на финансискиот фер-плеј, нема да учествува во Лига Европа во сезоната 2019/2020. Судот за арбитража во спортот (ЦАС), чие седиште е во Лозана, донесе одлука да го исфрли Милан од Лига Европа, откако претходно клубот постигнал договор со УЕФА околу финансискиот фер-плеј.